skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Костадинов: Лагите и шпекулациите за уцени и поткуп ВМРО-ДПМНЕ нека ги докаже на суд

(Видео) Костадинов: Лагите и шпекулациите за уцени и поткуп ВМРО-ДПМНЕ нека ги докаже на суд
  • 19.10.2018

Пратеничката група на СДСМ ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека биле вршени притисоци и закани. Рече дека ваквите лаги се смислени од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

„За невистините ќе поднесеме и соодветни тужби. Овие огромни лаги од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ги докажат на суд. Ваквото однесување на Христијан Мицкоски ги помина сите граници, ова е нездраво и ненормално особено на човек кој е генерален секретар на најголемата опозициска партија. Новинари, вие сте цел ден во Собранието, гледавте дека пратениците слободно се движеа низ собранските ходници. Анитизападното ракводство не бира средства со кој ќе ја блокира иднината на граѓаните на Македонија. Мицкоски и Груевски немаат љубов кон Македонија, бидејќи тие едноставно љубат криминал. Тие се за сиромаштија и криминал, ние сме за граѓаните на Македонија за иднинаа, просперитет, економија“, рече Костадинов.

Костадинов ги  повика пратенците на ВМРО-ДПМНЕ да дејствуваат одговорно и да се спротивстават на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту едно вакво однесување  нема да ја закочи иднината на Македонија кон ЕУ и НАТО, без разлика на тоа што не им се допаѓа на Мицкоски и Груевски.

Back To Top