skip to Main Content

Конференција за учеството на лицата со попреченост во изборниот процес

Конференција за учеството на лицата со попреченост во изборниот процес
  • 06.02.2019

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска организираат конференција за промовирање на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес.

Настанот е организиран по повод Глобалниот изборен ден, а целта е да помогне во подигањето на свеста за ограниченото учество на лицата со попреченост во јавниот живот и изборниот процес.

Фокус на дискусијата ќе бидат мерките за полесно управување со демократските институции и инклузивните процеси на донесување одлуки.

На воведната сесија најавено е обраќање на амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Лусине Бадалјан, виш советник за избори од ОДИХР, Оливер Дерковски, претседател на Државната изборна комисија и Бојана Младеновска, активист за правата на лицата со попреченост.

Back To Top