skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

„Комитите“ признале дека добивале илјадници евра за насилствата од грчки бизнисмени – приврзаници на Русија?

„Комитите“ признале дека добивале илјадници евра за насилствата од грчки бизнисмени – приврзаници на Русија?
  • 16.07.2018

Десетици илјади евра биле „истурени“ во земјава за финансирање на насилните протести пред Собранието против Договорот со Грција. Од приведените демонстранти, македонската полиција дошла до сознание дека грчки бизнисмени – приврзаници на Русија давале огромни суми за поттикнување на насилствата и дестабилизација во пресрет на референдумот кој ќе одлучи за евроатлантската иднина на Македонија. Овие информации ги објави американскиот портал Buzzfeed, по интервјуто со премиерот Зоран Заев во кое тој изјавил дека за време на НАТО самитот во Брисел лично побарал помош за референдумот од американскиот претседател Доналд Трамп.

„Заев одби да именува кој стои зад исплатите, со образложение дека истрагата е се уште во тек, како и сензитивните дипломатски односи во период кога земјава прави чекори кон членството во НАТО. Тој рече дека полицијата дознала за исплатените суми по приведувањето на десетици учесници во насилните протести пред парламентот во јуни“ – пишува Buzzfeed.

Иако индиректно, ваквите индиции пред неколку денови ги потврди и националниот НАТО координатор, Стево Пендаровски, во гостување на 1ТВ. Според него, се уште се активни надворешните влијанија кои се против македонската геостратешка определба кон Запад.

„Јас се плашам бидејќи знам што се случува и што може да се случува на терен. Тие стари балкански етабизми, национализми, потпомогнати од центри надвор од регионот се во еден дел се уште живи. Не е таа работа умрена. Имаме и внатре структури кои велат што бараме на западот…“ – рече Пендаровски.

Од друга страна пак, министерот Спасовски прашан за овие информации одби да открие детали. Вели нема да води истраги преку медиуми, но дека јавноста ќе биде запознаена со сите информации кога за тоа ќе биде време.

Растечкото руско влијание по последните случувања во регионот ги доведе Грција и Русија на работ на дипломатска војна, откако официјална Атина одлучи да протера двајца дипломати под сомневање дека се обиделе да го поткопаат договорот со Скопје. На ова официјална Москва одговори реципрочно, протерувајќи двајца грчки дипломати. За власта во Грција ова е јасна порака до целиот регион, дека и покрај негодувањата и протестите, двете земји се подготвени да свртат нова страна во односите и да продолжат понатаму како партнери.

Дополнување: Попладнево амбасадата на Русија во Скопје преку соопштение реагираше на изјавата на Заев и изрази сомнеж во неговите намери да гради добри односи со Москва. „Со жалење констатираме дека русофобијата се повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика“ – пишува во реакцијата.

Балканот инаку е клучен регион во руските напори за спречување на некогашните сојузници на Москва да стапат во сојузи со Западна Европа. Периодов се почести се обвинувањата на сметка на Русија дека прави се што е во нејзина моќ за да спречи про-западни политичари да дојдат на власт во регионов.

Христијан Баневски

 

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top