skip to Main Content

Комисија за заштита од дискриминација: Етничка, верска и родова дискриминација во поезијата финансирана од АМС

Комисија за заштита од дискриминација: Етничка, верска и родова дискриминација во поезијата финансирана од АМС
  • 02.04.2018

Врз основа на избраните тематски содржини на конкурсот за Збирката поезија од проектот „Млади поети“ и нивното финансирање од страна на Агенцијата за млади и спорт, Комисијата за заштита од дискриминација, најостро ја осудува постапката на Агенцијата за млади и спорт, Стручната комисија која одлучувала при евалуација на содржините како и авторот на вознемирувачките и дискриминаторски содржини.

„Содржините кои се објавени од уредникот Дарко Каевски и воедно финансирани од Агенцијата за млади и спорт содржат елементи на дискриминација по основ на етничка, верска и родова припадност. Комисијата за заштита од дискриминација му препорачува на Директорот на Агенцијата за млади и спорт овие содржини да ги повлече од употреба, а на авторот и уредникот на оваа збира да внимаваат во иднина и да не објавуваат вакви содржини. Комисијата за заштита од дискриминација исто така и предлага на Стручната комисија за избор да внимава при понатамошните евалуации за соодветни збирки и нивните содржини“, се вели во соопштението.

Оттаму велат дека иако секогаш се залагаат и ја почитуваат слободата на изразување и слободата на научно и уметничко творештво, сепак, со оглед дека овие слободи сносат во себе “обврски и одговорности“, Комисијата се залага слободата на изразување и слободата на научно и уметничко творештво да се употребуваат на начин кој ќе ги почитува правата и слободите на другите.

„Збирката на поезии содржи форми на изразување кои не се прифатливи за едно демократско и мултикултурно општество, а во исто време се во директен судир со повеќе одредби од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Спорните делови од збирката особено поттикннуваат дискриминација (член 9) и предизвикуваат вознемирување  (член 7) по повеќе основи на дискриминација, особено пол и етничка припадност“, се дополнуваат оттаму во соопштението за јавност.

Комисијата ги повикува сите институции, во иднина да внимаваат на содржината на текстовите или други проекти кои на различни начини ги подржуваат и да не дозволат објавување на содржини кои се косат со правото на еднаквост, еднаквата вредност на поединците, да не дозволат објавување на содржини кои во себе имаат елементи на вознемирување или поттикнуваат дискриминација.

Back To Top