skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Раскинувањето на Договорот за Казандол законито пресуди Управниот суд
На хирургија во Струга заболени девет здравствени работници од морбили
Прво писмо на Асанж по апсењето: Обиколен сум со убијци, не ми даваат да се бранам
Утре на Бихаќка и дебата за промена на кадри во извршната власт
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Комисијата за политички систем ги усвои измените на Кривичниот законик

Комисијата за политички систем ги усвои измените на Кривичниот законик
  • 27.12.2018

Собраниската Комисија за политички систем ги узвои измените на Кривичниот законик предложени од група пратеници од владејачкото мнозинство, а кои се однесуваат на членот 275-в за висината на казната.

„За“ гласаа пратениците од СДСМ, ДУИ и од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата.

Со измените на Кривичниот законик во член 275 в се намалува затворската казна за дела поврзани со злоупотреба на јавните набавки, а според некои толкувања со овие измени обвинетите можат да добијат и условна казна.

Се очекува со нив да бидат опфатени делата во кои е обвинетата Елизабета Канческа Милевска, синот на пратеничката Владанка Авровиќ, Василије Авировиќ и за случајот „Тенк“, јави нова.мк.

Под притисок на јавноста членот 353 од КЗ кој е за злоупотреба на службената положба нема да се менува.

Пратеничката од СДСМ  Снежана Калевска рече дека измените на член 353 се повлечени и треба да се доработат за да нема ,,слободно толкување“ на одредбите. Со измената се предлагаше промена на зборот „некаква корист“ со „имотна“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top