skip to Main Content

Комисијата за надзор над УБК и АР ги разгледува извештаите за 2017

Комисијата за надзор над УБК и АР ги разгледува извештаите за 2017
  • 23.04.2018

Собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање денеска зад заторени врати ги разгледува Извештаите за работата на Агенцијата за разузнавање и УБК за 2017 година, како и Програмата за работа на УБК за 2018 година.

По утврдувањето на дневниот ред на седницата, претедателот на Комиијата Трајко Вељаноски укажувајќи дека се работи за класифицирани строго доверливи информации кои се државна тајна, ја затвори седницата за јавноста.

На седницата присуствуваат пратеници и од владејачкото мнозинство и од опозицијата, како и директорите на Агенцијата за разузнавање и на УБК. 

Back To Top