Комисијата воздржана за имунитетот на Вељаноски

Со 4 за и 4 гласа против, собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања воздржана за имунитетот на Вељаноски за кого судија на претходна постапка побара притвор.
Расправата траеше 2 дена, а во текот на денот имаше повеќе паузи.
Неофицијално утре во Собранието, на пленарна седница ќе се одлучува дали да му се одземе пратеничкиот имунитет.
Вељаноски е еден од шестемина осомничени во најновата истрага на Обвинителството за организиран криминал, за нарачување и организација на нападот на Собранието на 27 април 2017 година.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.