skip to Main Content

Колку повеќе реформи, помалку правда – тема во „Правда и неправда“

Колку повеќе реформи, помалку правда – тема во „Правда и неправда“
  • 30.04.2019

Која е причината за неуспешните реформи во правосудството и селективната правда? Колку новиот шеф на државата има ингеренции во владеењето на правото? На оваа тема гости во авторската емисија „Правда и неправда“ на уредничката Гордана Дувњак беа адвокатите Никола Лазаров и Звонко Давидовиќ.

-Позицијата на претседателот по Уставот има репрезентативна улога, но во некои случаи се наоѓа како предлагач на одредени членови кои членуваат во определени органи кои имаат влијание во судството, како уставните судии или членови на судскиот совет преку собранието. Покрај репрезентативната улога има улога на индирекно во вршењето на судската власт, објаснува Лазаров.

Давидовиќ се осврна на политичкото „пазарење“ во правниот систем.

-Има влијание. Неколку пати направиле упат во правниот систем со аболициите кои ги делеа последниот пат нѐ чинеше многу. Претседателот може условно кажано да ја замеша работата на судскиот систем. Паролата „Нема правда, нема мир“ беше додека оваа гарнитура не дојде на власт. Ако имате политичка партија или политички партии кои се борат за власт, не бираат сретства како тоа ќе го направат за добивање на политички поени често пати најлесно е да посегнете по правдата за да добиете политичко решавање со пазарење во правниот систем. Тоа долгорочно нѐ чини секогаш секојпат многу, и никогаѓш во овие 30 години, не се пристапило сериозно кон реформи, вели Давидовиќ.

Лазаров вели дека за вистински реформи во судството треба консензус од сите политички партии.

-Се изнаслушавме кога се во опозиција политичарите бараат реформи на судството. Со години сум во судството и откога знам постојано се реформира, а никако да дојдеме до реформи. Ако веќе сакаат политичарите да владее правото и да почне оваа држава да биде правна, тоа што го бара ЕУ за почеток на преговорите, треба политички консензус на сите политички партии. Да седнат и да направат реформи на судството, но не какви сега што прават, вели Лазаров.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top