skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Колку младите ја користат шансата за самовработување

Колку младите ја користат шансата за самовработување
  • 17.04.2019

Младиот магистер по економски науки Елена Ангеловска, откако по неколугодишна потрага по работа во својата струка, сфатила дека може многу повеќе да придонесе доколу своето хоби го претвори во бизнис. Ја користи шансата преку проектот Социјална инклузија и економско зајакнување и отвора салон за убавина.

Работејќи неколу години како хоби, решив да се одделам од мојата училишна професија и да основам свој бизнис за маникир и педикир и во иднина се надевам дека ќе се прошири многу повеќе. Може да се живее и тука добро. На сите им препорачувам во таа насока во која сакаат да се одлучат да работат  мора претходно тоа добро да го истражат, пазарот да го истражат, таргет групата да ја погодат, за да може бизнисот да им успее, вели Ангеловска.

Еден живот една љубов, е  напишано на чаша, а веднаш до нив изложен е рачен накит. Се ова е направено од млади луѓе, минатата година преку проектот спроведен само во ресурсниот центар во скопската општина Гази Баба. Тој е поддржан од Фондацијата Херман Гмајнер и СОС Детско село.

Целта е е да им излеземе во пресрет на нивните креативни идеи  за да  останат во Македонија. Тоа ќе го правиме  и во наредниот период.  Како целна група преку Ресурсниот центар  имаме регистрирано приближно 380 млади луѓе до 29 невработени.  Ние сакаме да ги мотивираме да направат а потоа и да ја реализираат својата бизнис идеја. Во општина Гази Баба во Ресурсниот центар  ќе имаат свои ментори кои ќе им помогнат во стекнување на   нови вештини за да можат својата бизнис идеја да ја реализираат, рече градоначалникот на општина Гази Баба Борче Георѓиевски.

Под мотото “Секој има право на подобар живот СОС Детско – Македонија” го реализираше проектот “Социјална инклузија на млади во социјални ризици” преку генерирање на приходи  во партнерство со општина Гази Баба и Агенцијата за вработување и други партнери. Преку овој проект успеавме да поддржи 335 млади  луѓе од кои 130 се вработија а 56 од нив отворија свои сопствени бизниси. Ова според нас е добар резултат. Овој проект е позитивен пример дека со добра соработка може да се постигне успех и може да им се помогне на младите луѓе посебно маргинализирани групи и групи во социјални ризици да добијат еднакви можности на пазарот на труд, врече Националниот директор СОС Детско село – Македонија Јулијана Накова Гапо.

Оваа година младите активно учествуваат во реализација на активните мерки и политики за вработување во услугите на Агенцијата за вработување и од таа причина,  оваа година имаме рекорден буџет од 1,1 милјарда денари и опфатот на корисници е зголемен за 2.000 лица повеќе односно околу 8.500 лица ќе бидат вклучени во активните мерки и политики преку агенцијата за вработување поддржани со буџетски редства, рече директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска.

Ваквиот проект преку кој младите ќе можат да се самовработат во иднина ќе се спроведе на целата територија на државата.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top