skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Жрепка за редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче
Власта и опозицијата со стари позиции во нов обид да се усогласат за СЈО
Втора средба на Заедничкиот комитет на експерти од Северна Македонија и Грција
Нови рочишта за „Монструм“, „Тарифа“ и „Триста“
МИМ ќе ја додели наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Колев, Савевски и Пановски во „Печат на неделата“: Висока политика во 2019, погледната вон Собранието

Колев, Савевски и Пановски во „Печат на неделата“: Висока политика во 2019, погледната вон Собранието
  • 09.01.2019

Утре продолжува собраниската седница за четирите точки, односно утврдување на предлог амандманите, донесување, прогласување и изгласување на Уставниот закон, а на темата за уставни измени гости во „Печат на неделата“ беа Петар Колев од Граѓанска демократска унија, Здравко Савевски од Левица и Михаил Пановски реформатор.

Собраниската седница беше причина за нови протести на кои се приклучи и опозицијата, дали тоа ќе влијае на процесот за обезбедување на потребното мнозинство за уставните измени?

„Процесот ќе почне и заврши. Штета што ВМРО ДПМНЕ остана надвор од процесот и дојде во ситуација Бачев и компанија да им се приклучува на нив. Мораше партијата да направи проценка и да се приклучи кон ЕУ интеграциите за да се намали тензијата во државата. Јас верувам дека процесот ќе помине и во Грција и ќе мора Македонија да се заврти кон суштествените проблеми“, рече Пановски.

„На анкетите повеќе од 70 осто се изјасниле дека сакаат членство во ЕУ и НАТО. Ние не создадовме консензус на ова прашање. Ако ги погледнете наназад овие прашања со промена на име, потпишуавње договори со Бугарија и Грција, се сеќавам на реакции на СДСМ кои не беа поразлични на денешните т.н критичари. Не можам да разберам зошто политичарите се однесуваат авантуристички. Јас за членството на Македонија во ЕУ и НАТО сметам дека треба да сме сите одговорни и да помогнеме тие прашања да бидат затворени. Ова е чувствителна фаза за членство во ЕУ и НАТО“, кажа Колев за истото прашање.

Против цел овој процес се Левица кои истиот го оценија како нелегитимен.

„Ова е нелегитимиен процес кој го спроведува власта на СДСМ. Немаат поддршка кај народот и е поставен на погрешни основи од сам почеток. Оваа власт се вади на законските одредби. Она што е типично за Македонија е убивање на дебатата и вртење на стари излитени тези кои постојано се повторуваат, сто пати повторена лага станува вистина. Околу членството се поттикнуваат празни надежи и врз основа на тој процес се тврди дека се има големо мнозинство. Дајте да овозможиме дебата со аргументи“, објасни Савевски.

Целата дебата на оваа тема, како и ставовите за престојните претседателски избори на тројцата соговорници, погледнете ја во видеото во продолжение.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top