skip to Main Content

Кирацовски го обвинува ohridsky.com за ширење лаги, најави тужба од едно евро

Кирацовски го обвинува Ohridsky.com за ширење лаги, најави тужба од едно евро
  • 03.10.2018

Генералниот секретар на СДСМ во допис реагира и ги демантира лагите наведени против него на порталот ohridsky.com и најавува тужба против авторот и порталот. Како што вели, се случува медиумски линч против него и злоупотреба на новинарството, поради што конечно се одлучил да одговори:

– Судската постапка е единствениот начин да се извади на површина вистината и задната намера на изнесувачот на невистините, што е главната цел, а како отштета ќе барам симболично само едно евро, затоа што не ми е целта некого финансиски да уништам или пак да се збогатам, битно ми е само да си го зачувам образот и достоинството.

Веќе подолг период сум предмет на напади со лажни вести и груби инсинуации со одредена позадина, која допрва ќе се осветлува, од порталот ohridsky.com чиј сопственик и уредник е новинарот Сашо Денесовски, на јавноста добро познат по редица на скандали во минатото.

Можам да ја разберам потребата од сериозна политичка борба на партиите преку најразлични методи, можам да го сфатам и атакот врз мене како Генерален секретар на владеачката партија, една од највисоките функции во партијата СДСМ.

Но да се користат најгруби лаги лиферувани преку лажни и недолични вести од портал, (независно колку е читан), да се измислуваат нешта за кои човек не може ниту да помисли, а камоли да ги направи, се со цел да се наштети на владејачката партија и мене лично, тоа е многу ниско и нема понатаму да молчам!

Недозволиво е понатаму ова да продолжи без моја реакција поради вистината, јавноста и поради јасно изострување на разликата помеѓу професионалното новинарско известување и рекетарското лиферување на тешки лаги и клевети!

Едноставно не може да дозволам повеќе во јавноста со лаги, клевети и инсинуации да се креира јавното мнение без истите да бидат демантирани и оние кои стојат зад лагите барем да се извинат ако ништо друго.

Како опозиционер се борев за слобода и демократија, за слободно граѓанско и новинарско изразување и слободно медиумско делување!

Заедно со моите колеги и претседателот Заев, се борев по повод настаните во Собранието на 24-ти декември 2012-та година, се борев за време на отпорот, бев еден од креаторите на кампот на слободата и стратегијата за падот на режимот, бев дел од нападнатите во Собранието на 27-ми април, минатата година кога бевме последниот браник на слободата и демократијата во оваа наша мила татковина!

Се боревме заедно со моите колеги и со сите вас, почитувани граѓани, и успеавме да го симнеме режимот од власт, а набрзо потоа завладеаја демократијата и правдата!

Се изборивме, меѓу другото и за новинарите (вистинските-правите новинари), да можат слободно да ја работат својата работа, да истражуваат, да откриваат и јавноста доследно да ја известуваат!

Се борев за господинот Денесовски, кој за волја на вистината беше еден од борците за пад на режимот на ВМРО ДПМНЕ, денес да можи слободно да пишува без да се плаши за напишаното, но да пишува вистини, а не лаги и клевети со цел да прибави имотна корист или да наштети на некому поради икс причини!

Жалам што господинот Денесовски застранил од новинарските принципи и тргнал по лош пат, но сите одговараат пред своите постапки.

За да видите до која мера можат да отиде извртувањето вистината и ширењето на лагата, ви го давам за пример само последната лажна статија на гореспоменатиот портал каде ќе видите дузина на тенденциозни натписи во континуитет кои веќе траат со месеци:
http://www.ohridsky.com/2018/%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%B8%D0%B5-%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B4%D0%B5%D0%BB-2-%D1%80%D0%B8-%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD/

За иста ваква статија порталот Курир се извини уште пред 3 години:
https://a1on.mk/archives/557516

А вистината е сосем спротивна:
https://a1on.mk/archives/555149?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk

Покрај тужбата за навреда и клевета, дополнително најавувам дека како пратеник ќе ги преземам сите расположливи демократски механизми да го спречам лудилото на лажно известување, преку поставување на јасни норми и високи медиумски критериуми, за доброто на граѓаните, вистинските новинари и професионалните медиуми.

Во политиката сум откако знам за себе, во време кога парите и материјалните работи не значеле ништо, и сум влезен за да помогнам на граѓаните и државата, а не да се збогатам!

Како и досега, и во иднина стојам на располагање на сите новинари и медиуми за сите прашња поврзани со мојот делокруг на работа, вклучително и на господинот Денесовски.

Со почит,
Александар Кирацовски

Back To Top