skip to Main Content

Керим: Достапен сум за сите, па и за СЈО

Керим: Достапен сум за сите, па и за СЈО
  • 21.12.2018

Срѓан Керим се јави дека е достапен за сите, па и за специјалното јавно обвинителство и ги демантираше информациите дека СЈО не може да го добие и дека пред два дена контактирал со СЈО.

-Јас сум достапен за сите, па и за СЈО, а каде ќе одам и што ќе правам е моја приватна работа. Ниту сум под истрага ниту сум цел на прогон“, изјавил Керим за„Макфакс“ и додал дека информациите ги смета како хајка намерно насочена кон него за да се дискредитира лично.

Од СЈО сепак уште еднаш потврдиле дека поранешниот директор на МПМ подолг период е недостапен и куририте не можеле го најдат на неговата адреса.

За првите луѓе на МПМ, Срѓан Керим и Јана Станисављева, од СЈО велат дека нивната курирска служба се обидува да им врачи покани за да дојдат на дополнителни разговори за случајот со стечајот на МПМ.

Back To Top