skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
МВР: Одделенијата за управни работи ќе работат за викендите кога ќе се гласа за избор на претседател
Делегација на ПССЕ ќе го набљудува спроведувањето на претседателските избори
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Кацарска: Пресудите за „Тенк“ се соодветни, не можеше да не ѝ се суди на Јанкуловска само дека е мајка

Кацарска: Пресудите за „Тенк“ се соодветни, не можеше да не ѝ се суди на Јанкуловска само дека е мајка
  • 19.03.2019

Судијката Добрила Кацарска ја изрече првата пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Тенк“, во траење од две години. Во издвоена постапка изрече и шест години за поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкуловска и шест ипол години за Ѓоко Поповски, помошник министерот за внатрешни. За обвинувањата дека, освен што казните се превисоки, туку и нема штета бидејќи „мерцедесот“ сѐ уште се користи, Кацарска аргументира дека не само што казните се високи, туку и не мора да постои штета за да бидат исполнети условите за да се каже дека делото е направено.

-Да се фаворизира еден економски оператор, да се дозволи дури и да ги кажува спецификациите во јавната набавка… дури и кога се пишувале тие карактеристики што треба да ги има возилото, се отишло до таму што и техничките грешки се содржани како во понудата, така и во тендерската документација. Исполнети се сите елементи за кривично дело и затоа е таа пресуда потврдена од Апелацискиот суд, рече Кацарска.

За критиките за третманот на Јанкуловска, која беше бремена за време на судската постапка, судијката од сегашна перспектива вели дека и како жена и како мајка имала разбирање, но јавноста не е доволно запознаена со тоа дека кога во предметот било побарано една расправа да биде одложена за 15-тина дена, била доставена документација од матичен гинеколог, која била проверена и Кацарска мисли, со голема веројатност дека е точно, дека веќе се води постапка во ОЈО против докторот што ја издал документацијата.

-Откако се утврди дека има ризична бременост, постапката се раздвои. Во текот на водењето бев максимално толерантна, ги почитував сите закони, не само за кривична постапка, како lex specialis, туку го почитував и законот за работни односи, според кој, ако и следуваше пауза од еден час, јас ѝ давав пауза од час и половона на нејзино барање. Тие рочишта не траеја повеќе од неколку часа дневно, вклучувајќи ја и паузата, вели Кацарска.

Таа додава дека не може постапката да не се води само затоа што Јанкуловска е мајка.

За улогата на Комисијата за дискриминација во врска со тврдењето на побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски дека се работи за монтирани политички процеси, врз основа на кое бараше азил во Унгарија, судијката вели дека очекувала тој да се повика на тоа.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top