Кацарска во „Правда и Неправда“: Луѓе ми приоѓаат и ми честитаат на храброста за донесената одлука

Судијката Кацарска во вечерашното издание на „Правда и неправда“ се осврна и на реакциите на граѓаните со кои таа непосредно се среќава, околу пресудата за „Крвавиот четврток“.
-Но, бидете сигурни дека не е лесно да се одреди казна затвор, без разлика колку е висока. За секоја пресуда се раководам исклучиво од доказите, секогаш ги анализирам сите докази. За тоа дека казните се драконски, многу лесно се дава таква изјава, но за да кажете дали некој казна е драконска или не, пред себе треба да го имате целиот предмет и сите докази. Треба да се цени фактот дека најниската казна за тоа дело е 10 години. Досега никој не ми рекол дека сум ги затворила патриотите, а терористите слободно се шетаат. Многу луѓе ми приоѓаат и ми честитаат за донесената пресуда, рече Кацарска.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.