skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг
Евакуирана Операта во Сиднеј поради истекување на гас
Ден на национална жалост во Шри Ланка
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Катругалос: Се планира средба Заев-Ципрас на маргините на Минхенската безбедносна конференција

Катругалос: Се планира средба Заев-Ципрас на маргините на Минхенската безбедносна конференција
  • 12.02.2019

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во интервјуто за „Гласот на Грција” и Првата програма на грчкото државно радио ги потврди информациите дека се планира, македонскиот и грчкиот премиер да одржат билатерална средба на маргините на Минхенската безбедносна конференција од 15 до 17 февруари, а воедно не ја исклучи можноста Зоран Заев да ја посети грчката престолнина.

-Се чини дека се планира таква средба, кусо вели Каругалос во однос на билатералната средба во Минхен.

Алтернативниот МНР на Грција, на прашањето дали е планирана посета на Заев на Атина, вели дека “оттука па натаму ќе се разговараат различни размени на сите нивоа, за да се промовира билатералната соработка”.

-Се планираат размени на сите нивоа, да им помогнеме со европските обврски и во главно да ги развиеме билатераните економски односи, објаснува Катругалос.

Прашан директно дали ја остава отворена можноста за посета на македонскиот премиер на Атина одговара позитивно.

На почетокот на месецов „Дојче Веле” на грчки јазик пишуваше дека наградата „Ewald von Kleist“ на Минхенската безбедносна конференција, оваа година, ќе им биде доделена на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Договорот од Преспа.

Претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер на неговиот официјален Твитер профил на 25 јануари, кусо откако Преспанскиот договор беше ратификуван од грчкиот Парламент, напиша дека „двајцата премиери ќе бидат поканети на 16 февруари во Минхен да ја примат престижната награда“ за време на 55-та конференција.

За можноста за посета на грчкиот премиер на Скопје или на македонскиот премиер на Атина, Јоргос Катругалос одговори дека „двајцата лидери Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе треба да се сретнат некаде, дали тука, дали таму, дали на некое трето место, бидејќи започнува нова ера”.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top