skip to Main Content

Катица Јанева во „Правда и неправда“: Го замрзнавме имотот на ВМРО-ДПМНЕ за да спречиме Мицкоски да го распродаде

Катица Јанева во „Правда и неправда“: Го замрзнавме имотот на ВМРО-ДПМНЕ за да спречиме Мицкоски да го распродаде
  • 13.11.2018

Случајот „Талир“ треба да открие како ВМРО-ДПМНЕ станала најбогатата партија во Европа, вели специјалната обвинителка Катица Јанева. СЈО замрзна 69 недвижности на партијата, иако според Катастарот, склучени биле 71 договор за недвижности.

-Има отуѓување и опасности, бидејќи самиот господин Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе го продава имотот. Тоа ни беше сигнал и аргумент пред судот, затоа што, како што знаете, ние имавме поднесено претходно, во 2017, барање за замрзнување на имотот, но истото ни беше обвинето, изјави Јанева.

За писмените препукувања во кои Мијалков го обвинува Мицкоски дека се испазарил да биде отстранет од списокот осомничени за „Талир“, Јанева негира дека имало пазарења.

-Во времето кога Мицкоски е генерален секретар на партијата, тој период не е предмет на обвинението „Талир“. Тоа е уште во предистрага, а за периодот во кој Мицкоски е генерален секретар ќе се подигне обвинение, изјави таа.

Back To Top