skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тренд на дезинформации со цел наведување на публиката кон погрешни заклучоци
Грчкиот остров Парос во обид да биде првиот остров без пластика
Кои пет градови се преполни со туристи?
Пронајдена порака во шише стара 50 години
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Катица Јанева во „Правда и неправда“: Не побаравме притвор за Мијалков исто како за Груевски

Катица Јанева во „Правда и неправда“: Не побаравме притвор за Мијалков исто како за Груевски
  • 13.11.2018

Запрашана зошто не побарала притвор за екс шефот на УБК Сашо Мијалков во случајот „Империја“, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вели дека исто како за Груевски, до сега ги почитувал мерките и се појавувал на суд, за да не бидат тенденциозни.

-Сега веќе ќе се прават други проценки, можеби ќе се побара, но мислам дека не за Сашо Мијалков и за лицата од предметот „Империја“, но за некои лица можеби, вели Јанева.

Истрагата против Мијалков и Камчев не е покрената врз основа на прислушкувани разговори меѓу нив двајцата, туку прислушкувани разговори меѓу Камчев и негови блиски лица, објаснува Јанева.

Таа додаде и дека на име на фирмата „Ексико“ во рамките на „Империја“ се замрзнати 10 илјади евра, а до сега е откриено дека државата ја оштетиле за 10 милиони евра. Со оглед на тоа дека „Империјата“ и најголемите пари Орце Камчев ги направил за време на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, специјалната обвинителка вели дека следејќи ја трагата на парите, во соработка со ОЈО, би требало да бидат откриени и други врски.

Back To Top