skip to Main Content

Касами: Судот одлучи дека јас сум легитимниот претседател на Беса

Касами: Судот одлучи дека јас сум легитимниот претседател на Беса
  • 03.04.2018

Основниот суд Скопје 2 пресудил дека Движењето Беса е единствена партија а Биљал Касами е претседател на политичката партија, соопшти крилото кое го предводеше тој кое од почетокот на годинава се подели.

„Со оваа одлука на судот се отфрла неоснованото барање на неформалната група, што укажува на тоа дека партиските тела ги избираат нејзините членови, а не од сомнителни кругови кои не го сакаат доброто на Албанците и кои не се во служба на Албанците“, изјави Касами.

Тој рече дека по судскиот епилог, прво им се обраќа на сите оние кои „биле манипулирани од одредени личности“ да се вратат во Движењето Беса, каде, како што рече, отворени им се вратите и покрај „горчливото искуство“.

Исто така, Касами ги повика медиумите во иднина за време на сите јавни настапи поврзани со Движењето Беса да се обраќаат на нивната адреса, бидејќи како што рече, не може да има два политички субјекти Движење Беса, туку само еден.

„Сите поединци кои во иднина нема да застанат при Движењето Беса, но ќе продолжат да го злоупотребуваат името на партијата, против нив ќе бидат преземени правни мерки во согласност со законите на државата“, рече Касами.

На почетокот на годинава, Беса се подели на две крила, при што на 18 февруари се одржа конгрес на едното крило на кој за претседател беше избран Африм Гаши.

Ова крило на неколку прес конференции потоа го обвини поранешниот лидер Билал Касами за фалсификат и најави кривична пријава против него.

Back To Top