skip to Main Content

Кандидат за претседател на ЛДП наместо Пеева ќе биде Никола Пановски

Кандидат за претседател на ЛДП наместо Пеева ќе биде Никола Пановски
  • 24.02.2019

Либерално демократската партија соопшти дека доколку одлучат самостојно да настапат на претседателски избори нивен кандидат ќе биде проф. д-р Никола Пановски. Тие пред еден месец како свој претседателски кандидат ја најавија Ангелка Пеева.

-Централниот одбор на ЛДП одлучи конечната одлука за начинот на кој партијата ќе настапи на престојните претседателски избори дали ќе го поддржи заедничкото решение или ќе настапи со својот кандидат да ја донесе ново избраниот Извршен одбор на ЛДП во текот на следната недела. Доколку настапи самостојно ЛДП преку својот кандидат нуди решение кое со својота професионалност, чесност и искуство поткрепено со меѓународното влијание на ЛДП во европски и светски рамки ќе биде достоен претставник на сите граѓани на Македонија“, велат од ЛДП.

Back To Top