skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Како Британците се справуваат со политичар што лажел – разговор со Жанета Скерлев

Како Британците се справуваат со политичар што лажел – разговор со Жанета Скерлев
  • 17.05.2019

Гостин во Централниот дневник на 1ТВ беше Жанета Скерлев која зборуваше за тоа како Британците се справуваат со политичар за кој одекнал скандал споредбено со случајот со македонскиот пратеник Павле Богоевски.

-Весниците ќе беа полни со ова и не само таблоидите туку и посериозните весници. Првата асоцијација е една пратеничка која беше фатена како вози брзо, излажа дека нејзиниот брат возел, таа беше осудена на затворска казна и го изгуби пратеничкиот мандат и не затоа што парламентот нешто направи туку нејзината општина од изборната единица која ја кандидираше поднесе петиција и таа го загуби пратеничкиот мандат, вели Скерлев.

Скерлев зборуваше и за случајот со поранешниот министер за надворешни работи, Борис Џонсон врз кој е поднесена тужба бидејќи непосредно пред референдумот во Велика Британија излажал дека доколку Обединетото Кралство излезе од ЕУ јавното здравство ќе заштеди 350 милиони фунти неделно.

-Првпат некој да поднесе приватна тужба. Приватен грѓанин кој реши дека му е доста од лагите на политичарите. Кога ќе се случи некаков скандал политичарите сами да понесуваат оставка. Се случило владин министер да поднесе оставка бидејќи доцнеше на пратенички прашања. Борис Џонсон излажа дека доколку Обединетото Кралство излезе од ЕУ јавното здравство ќе заштеди 350 милиони фунти неделно и дека тие пари ќе бидат потрешени за јавното здравство, веднаш државниот завод за статистика го предупреди дека тоа не е точно. 20 годишен правник реши да собере пари и се собраа 400 000 фунти, па на денот на изборите за Европскиот парламент, Џонсон ќе има судски процес односно прво сослушување за случајот, објаснува Скерлев.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top