skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Какви се шансите Македонија за неполн месец да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ?

Какви се шансите Македонија за неполн месец да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ?
  • 25.05.2019

На само четири дена пред добивањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија и на помалку од еден месец од одржувањето на јунскиот состанок на ЕУ од кој Македонија очекува датум за отпочнување на преговорите, аналитичарот Петар Арсовски смета дека  шансите се 50 – 50. Несомнено го заслужуваме датумот но доколку одиме во пакет со Албанија, тие се дури и помали  вели Арсовски за  1тв.

Пред помалку од една година Советот на ЕУ препорача можно отворање на преговори за членство во јуни 2019 под четири услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ. Отворање на преговорите за Македонија е условено и со постигнување напредок во реформите.

ЕУ во меѓувреме го наметна како клучно, исполнувањето на реформите во делот на судството, особено носењето на Законот за јавното обвинителство во чиј состав е судбината на СЈО. Власта и опозицијата никако да излелзат од ќорсокакот во кој се најдоа. Иако оваа недела е клучна, министерката за правда Рената Десковска неодамна без оптимистички тонови дека на повидок е можно решение за Законот каков што го бара ЕУ.Опозицијата инстира во законот да бидат вметнати позиции со кои би се спровела тивка амнестија, вели Дескоска.

Ако сепак се исполнат условите што ги бара ЕУ и Макеоднија добие датум за почеток на преговорите, првата меѓувладина конференција би почнала пред крајот на 2019. Според претходно утврдената стратегија за проширување на ЕУ, Македонија како 30 членка може да се најде најрано во 2025 година.

Весна Велкова Тодоровска

 

Back To Top