skip to Main Content

Какви се шансите годинава да се оствари владиното ветување „Силна економија, шанса за сите“?

Какви се шансите годинава да се оствари владиното ветување „Силна економија, шанса за сите“?
  • 08.02.2019

Гостин во Отвореното Студио 1 со уредничката Јадранка Костова беше поранешниот министер за финансии и ексгувернер на НБРМ, Петар Гошев. Тема на разговор беше владиното ветување „Силна економија, шанса за сите“ и какви се шансите тоа да се оствари.

-Таа приказна „Ние се бавеме со меѓународни работи не држи“. Премиерот секако ќе се бави со тоа, има министерство за тоа, а сите други министерства си ја вршат својата работа. Тоа не може да биде изговор. Меѓутоа тука треба објективно да се проценува. Период од две години е мал период да се почуствуваат промени на наследена ситуација таква каква што имавме, но прашањето е дали политиките кои се преземаат во одделните сектори водат кон релативизација, ублажување или решавање на промемите од повеќе области, рече Гошев.

Гошев зборуваше и за промената на името на земјата.

-Македонија немаше избор во врска со ова прашање, требаше да се проглолта бидејќи стратешката цел е таму. Не треба да експериментираме со безбедносните ризици. Тие понижувања кои и се правеа на Маедонија цело време, на крајот се доведувовме до ситуација да бидат погорчливи. Имавме посилни противници и Македонија немаше многу избор, рече Гошев.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top