skip to Main Content

Каква иднина заслужува СЈО?

Каква иднина заслужува СЈО?
  • 01.02.2019

Додека во домашната јавност преовладуваат поделени мислења во однос на работата на СЈО, повеќе од очигледна е поддршката на меѓународната заедница која ја добива обвинителството. На иста линија е и неговиот словенечки колега амбасадорот Милан Јазбец.  Според него потребно е СЈО во иднина да го има истиот статус, за да нема политички притисоци.

Домашните познавачи сметаат дека СЈО има капацитет самосотјно да работи.СЈО не треба да биде продолжена рака на Редовното Обвинителство, смета поранешниот обвинител Kоста Петровски.

Но, поинаков беше ставот на врховните судии, кои пред три дена му пресудија на СЈО, да не може да покренува нови предмети по истекот на рокот од 18 месеци. По ова се отворија повеќе правни дилеми, каква ќе биде судбина на предметите формирани по рокот, но и тоа дали функционерите кои ги гони СЈО ќе ја избегнат правдата? Во оптег се две верзии за СЈО: автономно обвинителстви или законски измени. Сепак, последниот збор ќе го има Собранието ќе пресече за иднината на СЈО.

Back To Top