skip to Main Content

Каевски не дава оставка, виновна е Комисијата, суспендиран е и раководител од Агенцијата

Каевски не дава оставка, виновна е Комисијата, суспендиран е и раководител од Агенцијата
  • 03.04.2018

Агенцијата за млади и спорт ќе поведе дисциплинска постапка и ќе го суспендира раководителот на секторот млади поради пропустите направени со објавувањето на збирката поезија, која поради сексизмот и дискриминацијата предизвика бура реакции во јавноста. Директорот на Агенцијата Дарко Каевски за виновник ја прогласи Комисијата и нејзиниот претседател. Од нив ќе се бара и надокнада на направената штета од 170 илјади денари, за печатењето на 5.000 примероци на спорната книга.

Каевски не размислува да поднесе оставка, туку го направил тоа што се барало од него, го истражил случајот и ја лоцирал одговорноста.

Тој повтори согласно Законот за издавачка дејност Агенцијата за млади и спорт не може да биде издавач, ниту пак тој како овластено лице не можел да биде уредник на збирката. Раководителот на секторот кој е суспендиран работел во Агенцијата повеќе години, и учествувал во издавањето на стихозбирките од проектот и во претходните години.

Back To Top