skip to Main Content

И по шест месеци телата на загинатите мигранти се чуваат во Бутел

И по шест месеци телата на загинатите мигранти се чуваат во Бутел
  • 05.12.2018

И по шест месеци, телата на загинатите мигранти се уште не се погребани. Мигрантите загнаа во сообраќајна несреќа во јуни, а нивните тела се уште не наоѓаат во АД Бутел. Обвинителството за организиран криминал и корупција испратило известување до министерството за труд и социјална политика со кое потврдува дека телта се идентификувани и дека повеќе не се потребани за истрагата. Известувањето се уште не пристигнало до ова министерство. Мерсиха Смаиловиќ од здружението Легис која алармираше за случајот, во телефонски разговор за 1Тв вели дека нивната голгота продолжува. Вели дека Народниот правобранител испратил наредба до АД Бутел веднаш да ги погребаат телата, а од акционерското друштво се јавиле во Легис да прашаат кој ќе го плати погребот. Мерсиха вели дека комуницираат со сите институции, а слушнале и предлог акционерите на АД Бутел да се состанат и да донесат одлука за простување на долгот, но очекувањата во Легис дека овој педлог ќе биде прифатен се многу мали. До недамна, пречка беше основното јавно обвинителство кое немаше направено идентификација на телата, а сега се наметнува проблемот со подмирувањето на долгот кон Бутел. Телата кои се чуваат повеќе од шест месеци во коморите на Бутел, веќе се во фаза на распаѓање, а семејствата од Бангладеш и Шри Ланка не се во можност да ги земат во своите земји.

Кристина Атовска

Back To Top