skip to Main Content

И по полноќ лидерската средба без напредок за законот за Јавно обвинителство

И по полноќ лидерската средба без напредок за законот за Јавно обвинителство
  • 11.09.2019

И после полноќ, нема суштински напредок во преговорите меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски околу законот за јавното обвинителство со кој се решава и судбината на Специјалното јавно обвинителство.

-Главна цел им е предметите од СЈО да не продолжат, односно обвинетите од ВМРО-ДПМНЕ да не одговараат пред судовите. Постојано ја враќаат таа тема за дискусија. За власта тоа е завршено прашање бидејќи со предавањето на предметите од СЈО кај Јавното обвинителство, тие предмети не можат и нема да зависат од од политичарите, туку исклучиво од независна правосудна институција“, брифираат извори од преговарачкиот тим на власта.

Предметите зависат исклучиво од независна правосудна институција предводена од Јовески. Токму поради тоа е крајно спротиставени позции незивесно е до кога ќе трае вечерашнава лидерска средба.

Лидерската средба почна во 20 часот. Во Собранието дојдоа премиерот Зоран Заев, министерката Рената Дескоска, советникот на премиерот, Бојан Маричиќ, Соња Мираковска како дел тимот од власта, а од тимот на опозицијата се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Тони Менкиноски.

Во фокусот е Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство и судбината на предметите на СЈО.

Вечерашната средба следи откако преговарачките тимови од двете партии во изминатиот период не изнајдоа заеднички прифатливи решенија.

Back To Top