skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

И градоначалниците се политичари – тема во „Печат на неделата“

И градоначалниците се политичари – тема во „Печат на неделата“
  • 19.06.2019

Во „Печат на неделата“ гостуваa тројца градоначалници на скопски општини, но овој пат, не за настаните што ја обележаа изминатата недела, туку за подлабока анализа на темите кои ретко се третираат во јавноста.

За денешната информација дека дождот однесе половина споредна улица во о. Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски објасни дека во моментов таму се изведуваат големи градежни работи за изградба на над 5 километри канализациска мрежа која ќе трае околу 10 месеци и општината на време ги решава сите проблеми што може да искрснат.

Запрашани за тоа дали се чувствуваат како политичари или како интенданти одговорни за канализации, настрешници и тротоари, градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ вели дека во дел од општините, градоначалниците често мораат да се враќаат чекори наназад, затоа што некои работи се уништени од претходно.

-На пример кај нас во општината, а верувам дека е така и во другите општини, има донесено ДУП-ови по кои се дава развојот и се што се планира, не само згради, туку и паркови, училишта. Имаме проблем што не се работело на тој процес и сега поголем дел од времето се троши за да се направи ДУП-от, да ги помине институциите за да можете да планирате. Сме им ветиле на граѓаните градинка бидејќи има потреба, но не можам да ја изградам без да изградам соодветна градинка која ќе ги прими дополнително. Мора да се враќаме неколку чекори на назад за да исправиме некои работи, рече Богдановиќ.

-Мора да се направи паралела во какво политичко милје и каква состојба дојдовме како градоначалници. Банален пример, отидовме да го промовираме кандидатот за претседател на државата, а првиот контакт беше – што доаѓате кога не ни е направена улицата? Македонското општество се сведе на тоа – да дојдат избори за да ми направиш нешто. Сите ние не сме во функција на политиката, на идеологијата што ја имаме како социјалдемократи, обединети околу идеја и вредности, но доаѓаш во ситуација каде што клиентелизмот помеѓу градоначалникот и граѓанинот се сведува на – намести ми сијалица за да добиеш глас, рече градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски.

-Пробуваме да ги користиме институциите, поточно ЗЕЛС како институција која ги обединува сите градоначалници и е предводник на тие промени што треба да се случуваат, со одлуки и дописи до Владата. Најголем дел од времето го поминуваме со комуналните проблеми, но остатокот можеме да размислуваме и за социјалната компонента на нашето работење, како да се развива правилно општината, а нормално, тука многу ни помага и меѓународната заедница и невладиниот центар, вели градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top