skip to Main Content

И власта и опозицијата присутни на собраниската комисија за уставните измени

И власта и опозицијата присутни на собраниската комисија за уставните измени
  • 10.10.2018

Собранискиот спикер Талат Џафери се очекува во секој момент да пристигне и да ја отвори седницата на Комисијата за уставни прашања, на која има единствена точка на дневен ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.

Во салата на собраниската комисија, како што јавува репортерката на 1ТВ присутни се премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и цела Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, освен Никола Груевски.

Комисијата за Предлогот за пристапување кон уставни измени може да расправа 10 дена, по што Извештајот од неа повторно треба да се најде на пленарна седница.

Back To Top