skip to Main Content

Италија очекува Парламентот во Македонија да ги одобри уставните измени

Италија очекува Парламентот во Македонија да ги одобри уставните измени
  • 02.10.2018

Италијанското министерство за надворешни работи се огласи по референдумот во Македонија и изрази надеж дека Парламентот ќе ги одобри уставните промени предвидени со Договорот од Преспа.

– На консултативен референдум, широко мнозинство на гласачи беа „За“ договорот со Грција со што ги потврдија аспирациите на граѓаните на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Италија дава целосна поддршка за евроатлантскиот пат на регионот и се надева дека Парламентот ќе ги одобри уставните промени предвидени во Договорот, наведува италијанското Министерство за надворешни работи.

Back To Top