skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Истрагата за „Империја“ е проширена на лажниот стечај на МПМ – СЈО во „Правда и неправда“

Истрагата за „Империја“ е проширена на лажниот стечај на МПМ – СЈО во „Правда и неправда“
  • 30.01.2019

Истрагата за случајот „Империја“ е еден од пообемните предмети и за сега е донесена наредба за истрага против 11 лица, но таа истрага, бидејќи трае, се проширува, вели специјалната обвинителка Лиле Стефановска.

-За одредени кривични дела и не може да се донесе наредба за истрага бидејќи се до пет години затвор и се преземаат истражни дејствија. Истрагата опфаќа долг временски период и ја делиме на два дела, еден во кој е само едно лице со неговите фирми, осомничени соизвршители, а вториот дел почнува од 2009 кој истражува коруптивни кривични дела, преземени и од функционери и предмет е кривичното дело перење пари, објаснува обвинителката.

Таа додава дека истрагата е веќе проширена, а интересно е дека дејствијата во предметот кој почнува во 2009 траат се до почнувањето на истрагата и во најскоро време ќе бидат повикани осомничените да дадат изјава и во два други дела, за две други истраги.

-Тоа се истрагата за лажниот стечај на „Графички центар“ и МПМ. Имаме кривични пријави за „Графички центар“ и од оштетени лица, но и самите разговори упатуваат на подоцнежните дејствија, рече Стефановска.

Како што објаснува, сопственикот на МПМ Срѓан Керим, според последните информации, е во Хрватска. Тој дал исказ и ја напуштил Македонија веднаш по повикувањето во СЈО, но во моментов не и е потребен на истрагата, а самиот доставил допис дека доколку биде потребен, ќе се јави во Специјалното обвинителство. Директорката на МПМ Јана Станислављевиќ е во Македонија и веќе дала исказ, додава Стефановска.

Back To Top