skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Интервју) Аленка Братушек, единствена жена во историјата на Република Словенија што била премиер на државата

(Интервју) Аленка Братушек, единствена жена во историјата на Република Словенија што била премиер на државата
  • 02.08.2018

Поранешната претседателка на Владата на  Република Словенија Аленка Братушек ќе остане запаметена како прва жена премиер во поновата историја на оваа пријателска земја, која ја презеде функцијата во време на најголемата финасиска криа во светот, кога малку фалеше и оваа мала земја да доживее финасиски колапс. Благодарение на нејзината посветеност и упорност во годината од нејзиниот мандат, тоа не се случи. Со оглед на тоа што Македонија во моментов се наога во една од најкритичните фази на своето постоење, 48-годишната премиерка дојде да им даде поддршка на своите македонски колеги и да ги сподели своите искуства.

Екипата на 1ТВ во Охрид имаше ексклузивно интервју со поранешната премиерка на Словенија Аленка Братушек. Со уредничката на 1ТВ Гордана Дувњак разговараат за времето во кое таа беше на чело на словенечката влада, а кое се смета за еден од најкритичните периоди покрај осамостојувањето, кога се случи светската финансиска криза.

Бевте прва жена премиер од осамостојувањето на Словенија, во време коешто се сметаше дека е едно од најтешките во земјата, бидејќи во вашиот мандат Словенија поминуваше низ најкритичниот период во својата историја, кога се случи светската финансиска криза. На кој начин успеавте да ја избегнете финансиската криза и колапсот којшто ви се закануваше и какви пораки можете да и пренесете на Македонија, којашто сега исто така поминува низ многу драматичен и критичен период?

 – Дозволете најпрвин да ви го честитам државниот празник. Да, точно е како прва жена во државата ја превземав владата во најтешкиот финансиски период. Ние политичарите мораме секогаш пред очи да го имаме она што е добро за луѓето и државата. Ако имаш добри намери и ако си навистина си одлучен да ги решаваш проблемите, тогаш ти помагаат и партнерите од Европа. Така ние ја добивме нашата доверба и тоа што го ветивме го исполнивме и за нас ова мислење е многу значајно.

Со оглед на тоа што Македонија е на прагот на ЕУ и на НАТО, што доби Словенија со влезот во ЕУ и НАТО?

 – Најпрвин честитки за се што е постигнато во Македонија во текот на изминатата година, тоа навистина беа големи чекори. Уште многу работа ве очекува пред се со пристапот кон Европската унија. Словенија по моите проценки многу доби со членството во Европската унија и НАТО. Не е секогаш лесно, ниту пак убаво, но за сите нас од  овој дел од Европа е битно да сме во групата на најразвиени држави. Сметам дека за догледно време Македонија ќе биде потготвена да стане членка на Европската унија. Македонија навистина прави големи чекори напред. Договорот со Грција во врска со решавањето на името е огромен чекор и гледам дека сте на вистинскиот пат кон иднината. Сакам да истакнам дека членството во ЕУ и НАТО е мировен проект, гарант на стабилноста и тоа пред се е многу значајно за земјите од Западен Балкан. Се радувам што Европската унија се шири, Словенија јасно го подржува ширењето на Европската унија и НАТО. Јасно е дека дотогаш треба да се завршат домашните задачи.

Непосредно пред да дојдете во Охрид бевте на средба со премиерот Зоран Заев. Ќе можете ли да ни откриете за што разговаравте и какви совети му дадовте на македонскиот премиер?

 – Се радувам што се видов со македонскиот Премиер Зоран Заев. Тоа беше наша прва средба воопшто. Ми ги престави плановите на Владата и се што е направено во изминатиот период. Му ги пренесов поздравите од претседателот на Словенечката влада Церар, како и од претседателот на Социјал-Демократската партија Жидан. Ми ги претстави проектите со кој се занимава владата, а јас истакнав дека тоа што тој го прави лично и владата е вистинското за Македонија и Европска унија.

Утре ќе одите на Пелинце, на прославата на Илинден. Дали и на тој начин, не само декларативно, туку и со своето присуство сакате да и дадете поддршка на владата?

 – Да, секако задоволна сум и горда што ќе бидам заедно со вашиот претседател на владата на најголемиот државен празник 2-ри август во Пелинце, тоа е значајна подршка што и ја дава Словенија на Македонија.

За првпат сте во Охрид. Како се чувствувате овде и која беше причината за вашето доаѓање?

 – Да, точно е јас за прв пат сум во Охрид. Моите први впечатоци се многу убави. Ние Словенците добро го познаваме Охрид и тука сме чести гости. Треба да се истакне дека Словенија и Македонија се две пријателски земји, многу работи не поврзуваат, пред се прекрасната околина, шумите, планините и природата во која живееме. Охрид, како што знаеме е вистински светски бисер. Во Словенија два месеца по парламентарните избори е период на коалициони преговори и очекуваме наскоро да се формира нова влада. Очекувам и се надевам во наредните четири години да добиеме стабилна и квалитетна влада.

За крај би сакала да ве прашам дали ја слушате музиката на Влатко Стефановски и доколку не ја слушате, очекувате ли од вечерва да станете негов фан?

 – Да бидам искрена не многу.

Ви посакувам убав престој во Македонија и овде во Охрид и убаво да си поминете вечерва на концертот.

– Убедена сум дека концертот ќе биде одличен. И уште еднаш, срдечни честитки по повод државниот празник.

Back To Top