skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Иницијатива за нов референдум „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?

Иницијатива за нов референдум „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?
  • 14.01.2019

На страниците на Службен весник осамнаа одлуките за прогласување на уставните амандмани и за Уставниот закон. Собранието ги исрпати за време на викендот, ден потоа откако беа изгласани на 11 јануари. Со тоа од 12 јануари стапуваат во сила, но нема да важат доколу Грција не го ратификува Преспанскиот договор во својот парламент. Со прифаќањето на уставните измени, до 2024 години во личните документи на македонските граѓани треба да пишува Република Северна Македонија. Во новите документи ќе биде наведена и етничката припадноста на малцинските заедници. Во рок од пет години ќе треба да се воведат и нови регистарски таблички со кратенката НМ или НМК. Измени треба да претрпи и документацијта на јавната администрација и за надворешна и за внатрешна употреба. Во меѓувреме денеска собраниските комисии за политички систем и законодавно правната ја оценија за уредна Граѓанската иницијатива за собирање на потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одллучување на граѓаните на целата територија на Македониа на 179 граѓани доставена преку овласлтениот предлагач.

„Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“.На ова прашање избирачите треба да одговорат дали се „за“ или „против“ или да не гласаат. Прашањето е прецизно формулирано. Со иницијативата за дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Македонија граѓаните ќе ја проверат претходно донесената одлука за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија на седницата одржана на 11 јануаари оваа година со амандманите на Уставот и Уставниот закон за нивно спроведување, рече Петров.

Според Петров доколку бидат испочитувана процедурата, собирањето на потписите за референдумот би започнала од 15 февруари, има рок од три месеци до 15 мај.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top