skip to Main Content

Инвеститорот на зградата кај Мајчин дом ветува еколошки стандарди и многу зеленило

Инвеститорот на зградата кај Мајчин дом ветува еколошки стандарди и многу зеленило
  • 24.10.2018

Едвај десетина Аеродромци му се спротиставија на инвеститорот на зградата кај Мајчин Дом Фатмир Етеми. На жителите на општината ќе им пречи нова осумкатница на веќе ископаната зелена површина. Тој пак, ги смируваше.

„Од градилиште кога излегуваат камионите ние ги чистиме сите камиони, многу педантни сме. Можам да демонстрирам, сега вака заедно да одиме да го видиме градилиштето“, ги убедуваше инвеститорот Фатимир Етеми.

Инвеститерот Етеми уверува дека наместо да гради повеќе како што предвидува деталиот урбанистички план, ќе гради помалку од дозволеното, ќе има 240 станови и два спрата подземна гаража. Но, зборува за еколошки проект, со многу зеленило. На Аеродромци им најавува 150 зимзелени дрвја, а објектот ќе има хоризонтални и вертикални еколошки градини, повеќе зеленило отколку што има во моментов. Барале и други локации за градба, но немале успех. Ако не гради, Етеми вели општината ќе треба да му врати 5,5 милиони евра, пари што локалната власт ги нема.

„Тој е огромен проект и не може да се гради без кредити. Имаме месечна рата 183.000 евра и многу работници имаме на фирмата и не можеме да ги оставиме. Ако имаме трансфер од Мајчин дом да одиме на друга локација, каде што локацијата би била речиси иста. И во овие две недели не можеме да најдеме чиста локација“, вели Етеми.

„Ако за она како што зборувавте пред малку, игралиштето, паркингот… е нешто што вие можете на некој начин, условно речено, ќе сакате да ни го компензирате, тоа е исто така фер и доблесно од ваша страна и тоа треба да се признае“, коментираа жителите.

„Апсолутно, јас сум спремен и со банкарска гаранција и на нотар да потпишеме договор“, ветуваше Етеми на средбата со жителите.

Аеродромци вината за градбата не ја лоцираа кај инвеститорот туку кај општината. Жителите свесни дека зградата ќе продолжи да се гради си заминаа. Осумкатница и поткровје толку се предвидува од зградата кај Мајчин дом со деталниот урбанистички план денесен пред повеќе од една година. Тогаш градоначалник беше Ивица Коневски, кој тврдеше дека нема ништо нелегално. Го критикуваше неговиот наследник Златко Марин, кој единствено успеа да ја стопира градбата, но од утре, инвеститорот има право да продолжи со издигнување на осумкатницата кај Мајчин дом.

Back To Top