skip to Main Content

Измени во два од четири амандмани Во Преамбулата на Уставот и за дијаспората

Измени во два од четири амандмани Во Преамбулата на Уставот и за дијаспората
  • 13.12.2018

Од доставените четири амандмани до Собранието, Владата итервенирала во два. Измените во амандманите 34 што се однесуваат на Преамбулата на Уставот и 36 за дијаспората,  доаѓаат по сугестии на учесниците на јавните дебати, на народните избраници во Парламентот на кои учествуваа и осумтемина независни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата на партиите на Албанците. Останатите два, амандманите 33 со кој во Уставот зборовите “Република Македонија” се заменуваат со зборовите “Република Северна Македонија” и 35 за почитување на суверентитетот на соседите, остануваат исти.

Во финалниот текст на амандманот 34, односно во Преамбулата на Уставот на РМ  се бришат и зборовите  “кои живеат во нејзините граници”. Одлуките на АСНОМ  во Преамбулата се заменуваат со зборовите “правните Одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ  за одржаното заседание на АСНОМ” под зборот година, се додаваат зборовите “на кои се изрази вољата за создавање на самостојна суверена  држава”  и Охридскиот рамковен договор, а се бришат зборовите – “одлучија да”, тоа се двете измени во амандман 34. И општ конензус по дебатите, е дека финалниот предлог текст на амандман 36 ќе гласи,  “Републиката ги штити, гарантира и негува, (дополнето зборче), особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ”. Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство, останува исто. Ново  е, “Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината”, рече Бошњаковски.

Документите, заедно со Извештајот од јавните дебати за кои дел од учесниците за своите трудови добија хонорар во висина од 20.000 денари, Владата до Собранието, ги достави вчера. Спикерот  Џафери неодамна најави дека собраниската седница за уставните амандмани ќе биде на 15 јануари.

На 15 јануари ќе заврши свиканата пленарна седница на 9 јануари на која финално ќе се гласа за предложените амандни . Тоа е заокружување  од наша страна на постапките што се потребни  по однос на исполнувањето на Договорот од Преспа, потоа  на ред е Р. Грција која ќе треба Договорот од Преспа да го ратификува во нивниот парламент. По ратификувањето на Договорот ќе треба да го поднесе Протоколот за членство на Р. Македонија до НАТО, што значи дека  всушност се согласува Македонија да стане полноправна членка на НАТО, рече Џафери.

Од Владата и со став дека е посветена на  имплементација на Преспанскиот договор и дека во целост ги почитува сите одлуки наведени во него.  Владата на Атина вчера порача дека постои мнозинство  во Грчкото собрание кое ќе го ратификува Договорот.

 

 

 

 

 

 

Back To Top