skip to Main Content

Извештајот на СЈО пред комисијата за политички систем

Извештајот на СЈО пред комисијата за политички систем
  • 23.04.2018

Шестмесечниот извештај на СЈО за периодот од 15 септември до 15 март, ќе се најде денеска на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во извештајот што Специјалното јавно обвинителство го објави на 15 март се наведува дека во текот на извештајниот период од страна на судот се целосно одобрени 15 обвиненија поднесени во месец јуни 2017 година.

„Во оваа смисла, петтиот извештаен период несомнено претставува потврда на целокупната работа на тимот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од неговото започнување со работа и заклучно со поднесувањето на овој Извештај“, се вели во извештајот.

 

Back To Top