skip to Main Content

Извештајот на СЈО одложен за в среда

Извештајот на СЈО одложен за в среда
  • 23.04.2018

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците не го усвои извештајот за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски нaдзор и прекршочна постапка за 2017 година.

Седницата на Комисијата за политички систем ќе продолжи во среда во 12 часот, рече Александар Кирацоски, на седницата на која се очекуваше специјалната обвинителка Катица Јанева да го претстави годишниот извештај за работата на СЈО.

Претходно Коисијата за поитички систем не прифати неколку извештаи на Дравни комисии поради отсуство на нивни овастени претставници.

Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ неколку пати на денешната седница на Комисијата за политички систем повтори дека не треба да се расправа за извештаите на државните комисии чии претставници не ги удостоија пратеницицте со свое просуство на денешната седница.

Тој предожи да се одложи расправата и за извештајот на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од каде што немаше претсавник како и во претходниот случај кога пратениците требаше да го разгледааат извештајот на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Опозицијата го осуди отсуството на претставниците од државните комисии кои се избрани од Собранието, а законодавниот дом нема механизам да ги натера на присуство барем тогаш кога се расправа за прашања од нивна надлежност, какви што се озвештаите за нивната работа.

-Не треба да се дискутира за извештаи, кога нема претсавници од надлежните комисии затоа што ние пред себе ги имаме само извештаите, а нема кој да ни одговори на поставените прашања – реплицираше Зоран Илиоски кој истакна дека Собранието треба да се грижи дали институциите работат или не.

-Транспаретноста ви е омилен збор, многу често го користите, а во пракса тешко го спроведувате. Зголемениот број на жалби во 2017 споредено со 2016 година во однос на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер –

Кирацовски не ги прифати предлозите на опозиијата да се одложи расправата за извештаите на комисиите кои неаат свои претставници и и порача на опозицијата да се фокусира на суштината.

-Добро е што се вративте во Собранието, но повеќе се фокусирате на формата, отколку на суштината, сите инситуции беа поканети и Собранието нема да биде заложник, на инситуциите се додека не добиеме моќ да ги донесеме тука нивните претставници – одговори Кирацоски на чиј предлог не беше усвоен ниту извештајот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Back To Top