skip to Main Content

Игор Спасов пребегал во Турција, судот издаде потерница

Игор Спасов пребегал во Турција, судот издаде потерница
  • 28.10.2019

Игор Спасов, полицаецот кој го уби Мартин Нешковски на скопскиот плоштад, е пребеган во Турција, објави локалниот Канал 77, а Штипскиот суд издал потерница по осудениот на 14 години затворска казна пред да ја доотслужи истата.

Според неофицијални информации, тој веќе ја напуштил државата, а избегал преку нелегални канали и во странство е под туѓ идентитет. Тој го искористил периодот на привремен отпуст за да го организира бегството од државата. Во ова, како што се дознава, голема помош имал од некогашните негови колеги полицајци.

– Игор Спасов е недостапен на органите на прогон. СВР Штип го извести Судот дека тој е недостапен и е во бегство, поради што Судот веднаш издаде согласност за издавање на потерница за негово пронаоѓање на територијата на Република Северна Македонија, изјави Јулијана Неткова, портпарол на Основниот суд од Штип.

Од денеска се бара со потерница на територијата на Република Северна Македонија, а не се исклучува можноста за брзо време таа да биде и меѓународна.

Спасов не беше в затвор затоа што се лекуваше, според информациите, повеќе од една година. Судот му го продолжувал прекинот во неколку наврати. Последен пат отпустот му беше продолжен од 18.05.2019 до 18.08.2019 година кога требаше да се врати во КДП Идризово на доиздржување на остатокот од казната.

Back To Top