skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Анагностопулу: Новите гранични премини се нови мостови на пријателство и соработка на Балканот
Соборот на СПЦ е за дијалог со МПЦ
Заев со честитка до Тамара: Одамна не сме биле олку горди
АЕК достави предлог и динамика за намалување на цените во роаминг со Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Иванов на Џафери му врати уште четири закони

Иванов на Џафери му врати уште четири закони
  • 15.03.2019

Претседателот Иванов продолжува да ги враќа законите донесени во собранието под новото име на државата со образложение дека во извршувањето на функцијата секогаш ќе постапува согласно дадената изјава дека ќе го штити Уставот и ќе ги брани интересите на Македонија. Вчера вратил уште четири закони, за безбедност во сообраќајот на патиштата, за енергетика, законот за банки и законот за супервизија за осигурување. Собранискиот спикер Џафери најави дека рокот од 30 дена ќе го запази и ќе ги стави на  повторно гласање на 27 март.

Според спикерот Џафери враќањето на законите од страна на шефот на државатга  нема да влијаат врз одлуката на Советот на ЕУ бидејќи Собранието ги има донесено навреме заедно со опозицијата.

Сметам дека ЕУ и институциите на ЕУ не се бават веќе  со прашањето Иванов, знаејќи дека е на крајот на мандатот и ништо друго не можат да очекуваат освен вакво однесување. Но во секој случај ние како Собрание мора да ги завршиме нашите обврски, рече Џафери.

Меѓу  досега вратените закони се и законот за ОТА, за АРМ, Законот за едношалтерски систем, за електронски комуникации. Иванов ги врати и реформските закони, за судови, за управни спорови и за прекршоци донесени со двотртинско мнозинство. Според Уставот претседателот е должен  да го потпише указот, доколку тој се носи со 81 глас од вкупниот број на пратенции.

Весна Велкова Тодоровска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top