skip to Main Content

Иванов: Идниот претседател да го сочува достоинството на институцијата

Иванов: Идниот претседател да го сочува достоинството на институцијата
  • 05.05.2019

– Како и сите граѓани и јас лично очекувам овој изборен ден да помине во најдобар ред и веќе вечер да знаеме кој ќе биде петтиот претседател на државата, изјави претседателот Ѓорге Иванов откако гласаше во вториот изборен круг на избирачко место во Средното училиште „Јосип Броз Тито“.

Иванов очекува идниот претседател да има многу помирен мандат, да се справи со сите предизвици и да наоѓа решенија со сите институции за добробитта на земјата, на граѓаните и за остварување на стратегиските цели што ги имаме поставено.

– На идниот претседател му посакувам да ги исполни сите ветувања зашто тоа граѓаните го очекуваат и да го сочува достоинството на институцијата Претседател, напомена Иванов.

Back To Top