skip to Main Content

Ибраими: Вакцините со погрешни декларации ќе бидат уништени

Ибраими: Вакцините со погрешни декларации ќе бидат уништени
  • 24.01.2019

Сите МРП вакцини на кои стојат погрешно залепени декларации ќе бидат уништени од страна на компанијата „Македонија лек“, која ги дистрибуира, изјави директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Ќахил Ибраими.

Oд Министерството за здравство пред две недели по извршена внатрешна контрола во сите здравствени домови, соопштија дека било утврдено дека во вакциналните пунктови се пронајдени 635 кутии од МРП вакцината, на кои стојат погрешно залепени декларации.

На прашањето зошто е донесена одлука за уништување на вакцините со погрешно залепени декларации доколку рокот не им бил истечен, Ибраими посочи дека лекот можат да го прогласат за неисправен доколку е оштетена кутијата, поради грешка, испорака и погрешна налепница.

– Доколку е оштетена кутијата при увозот или превозот, или, пак, таблетите внатре биле отворени или под притисок тогаш можеме да ги назначиме како неисправни. За тоа одлучува Агенцијата. Сега за вакцините „Приорикс“ не се оштетени кутиите, само декларацијата е погрешна за нив, има погрешен датум. Се консултиравме околу тоа. Ако ја тргнеме таа налепница и залепиме нова налепница ќе почне да се зборува меѓу народот – еве ги пуштиле тие со поминат рок. Никој не сфаќа дека апсолутно не се работи за вакцина со поминат рок, туку за вакцина со погрешно залепена декларација. Сто пати сме го рекле тоа. За недела дена треба да бидеме известени дека тие вакцини се изгорени во „Дрисла“, нагласи Ибраими.

Back To Top