skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

ЗНМ ја осудува изјавата на Заев и бара јавно извинување

ЗНМ ја осудува изјавата на Заев и бара јавно извинување
  • 14.08.2019

Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува денешната изјава на Премиерот Зоран Заев, во која тој кажа дека нема да дозволи некој суетен новинар да ја симне оваа влада од власт. Ваквиот агресивен говор кон новинарите од страна на Претседателот на Владата може да поттикне насилство кон нашите колеги, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето, реагираат од ЗНМ.

„Го повикуваме Претседателот на Владата Зоран Заев веднаш да се извини на новинарите, а пред се на колегата Бранко Героски доколку оваа негова изјава беше упатена кон него и во иднина да се воздржи од вакво дискредитирање на новинарите. Премиерот Заев како Претседател на партијата на власт и на Владата потребно е да покаже дека умее да се справи со критиката од страна на новинарите, а со тоа да даде пример и на останатите членови на Владата, но и на македонската јавност. Наместо јавно да се пресметува со критични новинари потребно е да ги охрабри во нивните напори да откриваат евентуална злоупотреба на власт, а институциите да реагираат. Истовремено, во својата изјава Претседателот на Владата користеше непримерен говор во однос на припадниците на ЛГБТИ заедницата што не доликува на сериозен политичар и носител на таква висока функција“, наведуваат од ЗНМ.

Од ЗНМ бараат Заев јавно да се извини.

Back To Top