skip to Main Content

Зима во Македонија – студ, дожд и снег

Зима во Македонија – студ, дожд и снег
  • 17.11.2018

Во текот на изминатата ноќ како и утринава во западните и јужните предели има локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Снежната граница се спушти и до околу па и малку под 1000 метри со што провејување на снег има и во некои од населените места, на планините е формирана и снежна покривка.

Понатаму до крајот на денов ќе имаме претежно облачно време со локални слаби врнежи од дожд, на повисоките места и на планините ќе провејува снег.

Во вечерните часови и во текот на ноќта локално во западните и во јужните предели врнежите ќе бидат со умерен интензитет а снежната граница ќе се наоѓа некаде на околу 1000 метри, истата можно е да се спушти и нешто малку пониско.

Ќе дува и умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.

Утре ќе има врнежи од дожд во најголем дел од државава додека на повисоките места и на планините ќе паѓа снег со што ќе дојде до позначително формирање на снежна покривка, услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на местата со надморска височина и малку под 1000 метри.

Back To Top