skip to Main Content

Зекири: Франција многу брзо ќе ја поправи историската грешка

Зекири: Франција многу брзо ќе ја поправи историската грешка
  • 24.10.2019

„Ако ЕУ остане со затворени врати за Македонија, не можеме со сила да ги отвориме, но можеме тие вредности да ги донесеме тука,  изјави Мухамед Зекири во вечерашното гостување на 24 анализа.

Во жестоката дебата со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, Зекири потенцираше дека оваа влада направила многу за граѓаните одошто сега опозиционерската ВМРО-ДПМНЕ – ја зголемила минималната плата и дека се асфалтирани многу автопатишта и верува дека Франција е свесна за грешката што ја направила. Тој ја посочи и ситуацијата со Косово и ЕУ:

„Ја изигравте Македонија, сега и нас сакате да не изиграте. Убедени сме дека Франција многу брзо ќе ја поправи грешката. Косово и Србија не се проблем. 27 членки кажаа дека ова е историска грешка.“ – рече Зекири.

За аферата „Рекет“, Зекири одлучно изјави дека правдата сега важи за сите.

– Ако некој е вмешан во криминал и ако има докази за тоа нека се објави. ВМРО се навикнати да ја замајуваат јавноста со лажни информациии. – порача Зекири.

На прашањето дали осомничените функционери треба да се повлечат од функциите во државата Зекири рече дека секој сам треба да си реши додавајќи дека половина политичка група на ВМРО немаше образ да се повлече, додека пратеникот Павле Богоевски сам се повлекол од пратеничката група.

Во врска со предвремените парламентарни избори, Зекири потенцираше дека тие нема да се одложат. Тој вели дека ќе го почитува она што ќе реши во однос на тоа кој е биде технички премиер.

Back To Top