skip to Main Content

За 33,9 отсто намален бројот на деца во големите институции

За 33,9 отсто намален бројот на деца во големите институции
  • 05.08.2018

За една година бројот на деца сместени во социјалните установи е намален за 33,9 отсто, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, повикувајќи се на податоците од процесот на деинституционализација за периодот август лани – август годинава.
Во овој период Министерството обезбедило вонинституционално згрижување за вкупно 95 деца.
Во истиот период, во вкупно шест социјални установи беа згрижени вкупно 45 деца. Дел од нив се деца без родители и родителска грижа, дел се со воспитно-социјални проблеми, или со попреченост. Во овој 11 деца сместени во овие институции станаа полнолетни.
– Иако е амбициозно, сепак е остварливо. Посветено работиме ниту едно дете под 18 години до 2020 година повеќе да не престојува во социјалните установи во Македонија. Деинституционализацијата е промена на начинот на кој државата се грижи за децата и возрасните лица, кои имаат потреба од долгорочна социјална грижа. Наместо досегашните безлични и гломазни установи за колективна грижа, со овој процес се воспоставува систем на социјални услуги во заедницата кои нудат услуги и поддршка по мерка на поединецот. Целта на процесот е да го зајакнат корисникот и да го поттикнуваат неговото активно учество во средината кадешто живее, наведува МТСП.
Според Министерството, бидејќи семејното опкружување го поттикнува правилниот раст и развој, дел од децата се згрижуваат во семејства, други се посвојуваат или се дава поддршка на биолошкото семејство да обезбеди подобра грижа за своето дете. За дел од децата, пак, се создава средина налик на семејната, како што се малите групни домови.

Back To Top