skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Зајкова: Да не се осудува поседување малку канабис за лична употреба

Зајкова: Да не се осудува поседување малку канабис за лична употреба
  • 22.04.2018

Од ЛиДеМ излегоа со став за декриминализација на канабисот за лична употреба. Според претседателката на ЛиДеМ, Моника Зајкова, секој има право на избор и не смее да се осудува поседување на одредено количество канабис за лична употреба.

– Особено ме радува фактот што по вклученоста и јавната поддршка на „Коноп-фест“, организиран од здружението „Билка“ за подигање на свеста за декриминализација на канабисот, како и соопштението во однос на поддршката и понудата за бесплатна правна помош за Моника, но и осуда на притворањето на нашата сограѓанка, го испровоциравме општеството за низа коментари, што е и целта на ЛиДеМ“, вели Зајкова.

„Ние од ЛиДеМ, покрај досегашните активности за декриминализација на канабисот и делумниот успех, како што е легализирањето на неговата употреба во медицински цели, и во иднина ќе продолжиме со низа активности за да иницираме издржана и аргументирана јавна дебата на сите заинтересирани страни, со цел конечна декриминализација на канабисот во Македонија“, смета Зајкова.

Back To Top