Затворот во Шутка направил пропуст за инцидентот со поранешните министри

Скопскиот истражен затвор во Шутка направил пропуст со иницидентот во кој беа инволвирани ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, дознава 1ТВ од неофицијални извори во управата за извршување на санкциите. Од досегашните разговори има сомнежи дека инцидентот бил организиран. Но, од кого официјално ќе покаже извештајот. Уште еден затворски службеник треба да даде одговор на прашањата на Управата за извршување на санкциите, за да го можат да се заврши извештајот.
Што забележале очевидците на инцидентот, треба да кажат од затворот во Шутка.
Опозициската партија од каде и доаѓаат ексминистрите Јанакиески и Ристовски, обвинуваат дека никој не презема ништо, по како што велат обидот за линч врз нив. Велат дека продолжуваат отворените закани против членови на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека оставката од директорт на скопскиот затвор, е обид на премиерот Заев да ја сокрие вистината.
Во последниот извештај беше наведено дека Спиро Риствоски прво вербално го провоцирал Лирим Красниќи, за подоцна да се пресметаат. 45 минути подоцна, Миле Јанакиески вербално го провоцирал Есад Кафеѓоли, па Јанакиески заврши во болница без телесни повреди. Инцидентот доби осуда. А наредниот ден кривичниот совет на судот, на Јанакиески му ја преиначи мерката во домашен притвор. Јанакиески и Ристовски се дел од петтемина осомничени организатори за собраниските инциденте, под кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.