skip to Main Content

Законот за јазиците нема да има влијание врз АРМ – Шекеринска во Студио 1

Законот за јазиците нема да има влијание врз АРМ – Шекеринска во Студио 1
  • 07.02.2019

По денешната посета на касарната во Тетово, за законот за јазиците, вели дека не било разговарано на таа тема, затоа што луѓето во армијата сакаат да зборуваат за реалните теми и предизвици – основната и воената опрема, касарните, физичката подготвеност…

-Во поглед на униформите нема да имаме големи проблеми. Прашањето е едно од прашањата кои ги упативме до Венецијанската комисија, да кажат став, без да го ставиме во законот. Ако отидете во која било касарна и ако ги погледнете униформите, на нив има две напишани информации – името на припадникот и името на државата. И едното и другото некои го имаат на кирилица, а некои на латиница. Кога заминуваат во мисии, сите ги ставаат името и државата на латиница. Не мислам дека ова прашање ќе влијае реално на животот и на работата на војниците, вели Шекеринска и додава дека бидејќи се работи за армија, нема да има двојазичност во наредбите, затоа што така тешко би функционирале и тоа не било воопшто поставено како прашање во преговорите за употребата на законот за јазиците.

Таа додава дека клучниот предизвик за АРМ ќе биде се повеќе војници и офицери да функционираат во повеќејазична средина и да го разбираат англискиот како јазик на Алијансата.

-Мислам дека сме на добар пат. Имаме голем број војници и офицери кои се добро подготвени во тој дел, но се уште ни треба да ја зголемуваме бројката. Тие луѓе ќе можат да одат на обука, добиваат неверојатни шанси за школување и за работа како претставници на НАТО, не само на Република Северна Македонија, кога ќе станеме членка на НАТО. Гледаме на јазичните предизвици не за денеска или утре, туку тоа што не чека наредната година, рече Шекеринска.

Како што вели, не станува збор само за политичка одлука, туку на секојдневна примена и затоа Владата гледа само да им го олесни животот на граѓаните, а не да ја искомплицира ситуацијата. Најсложено ќе биде во судството, каде што отсега, освен обвинетите, и судиите и обвинителите ќе можат да го користат својот мајчин јазик.

Back To Top