skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Надлежности на претседателот на Републиката
Отворена телефонската линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право
Јонкер: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Законот за трговија на зелени пазари и грантови за иновации на седница на Владата

Законот за трговија на зелени пазари и грантови за иновации на седница на Владата
  • 12.02.2019

Владата денеска на седница, по барање на Собранието, треба да даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, по итна постапка.  Ќе  одлучува и за информацијата со правилник за инструментот за поддршка-кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, со предлог-одлука, соопшти владината прес-служба.

На редовната 120. владина седница ќе биде разгледана информацијата за одржување на првата седница на македонско-бугарската меѓувладина комисија за економска соработка по Договорот за економска соработка меѓу владините на Македонија и на Бугарија.

Министрите ќе одлучуваат и по информацијата со Предлог – решение за формирање комисија за спроведување постапка за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за формирање современа модерна организација – платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Македонија (HEMS) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (SAR).

На предлог на канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија-Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, министрите денеска ќе ја разгледаат информацијата со акциски план за имплементација на мерките од Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, за 2019-та година.лв

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top