skip to Main Content

Закани од обвинетите функционери на ДУИ кон СЈО

Закани од обвинетите функционери на ДУИ кон СЈО
  • 24.01.2019

На денешното рочиште во предметот „Титаник 3“, за изборни нерегуларности во Чаир, дојде до препукување меѓу обвинителите на СЈО и одбраната на обвинетиот пратеник од ДУИ, Ејуп Алими. „Сакам да кажам“ пренесува дека Алими им се обратил на обвинителите од СЈО Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи во врска со еден од клучните сведоци на СЈО кој требаше да даде исказ на денешното рочиште.

Алими им рекол на обвинителите дека одбраната е поревносна од нив и дека до судот доставила венчаница со адресата на сведокот, а дека СЈО ништо не прави во врска со тоа.

Тогаш, Бубевски му рече: „Да, да, вие сте подобри од нас, секако“.

Адвокатот Мефаил Арслани му одговори: „Да, подобри сме, секако“.

Бубевски искоментира: „Да, добри сте и кога ми се заканувате.“

„Кој ви се заканувал“, праша адвокатот.

Тогаш, Фетаи му рекла на адвокатот: „Па ти беше тој што ми ја пренесе заканата дека „ти си наша ти, може лесно да поминеш, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата’“.

Адвокатот негираше гласно, а во таа вжештена атмосфера ништо не кажаа обвинетите Алими и Исмет Гури.

 

 

 

Back To Top