skip to Main Content

Заедничка вежба на АРМ и американската армија на Криволак

Заедничка вежба на АРМ и американската армија на Криволак
  • 13.03.2019

Заедничка вежба на АРМ и американската армија се реализира денеска на армискиот полигон Криволак. Мајор Горан Шутевски, заменик  командант  на Вториот баталјон во Првата бригада на нашата армија, информираше  дека тие учествуваат со две минофрлачки одделенија од 120 милиметри. Вежбата  беше  со боева муниција.

-Нашите две минофрлчачки одделенија со припадници на американски минофрлачки одделенија извршија огнена поддршка на пешадиска американска единица. При оваа вежба, што траеше шест дена и завршува денес, констатирано е дека нашите процедури се компатибилни со американските  и со НАТО и ние можеме слободно да бидеме сигурни дека нашите единици од ваков тим, можат да одговорат на сите предизвици, нагласи Шутевски.

Тони Јаневски, портпарол на Генералштабот, појасни дека ова  е вторпат сојузничките американски сили, кои во суштина се сили на мултинационалната бригада Исток, од силите на КФОР,  да имаат вежбовни активности со боеви гаѓања.

-Отпочнуваме еден подинамичен план за користење на армискиот полигон Криволак за ваков вид на вежби, што во суштина се состоеја од артилериски гаѓања и од гаѓање од воздухоплови, со хеликоптери од типот „ух 40“, со што ние се потврдуваме како партнери, дека можеме како рамноправни партнери и идни  членки на НАТО да учествуваме во ваков тип на поддршка на вежбовните активности на сојузиничките сили, во случајот тоа е армијата на САД, рече Јаневски.

Остатокот  од вежбата е самостојна изведба на САД и ќе трае до 23 март.

-Ова е некој вид подготовка и на големата вежба која ќе ја имаме во почетокот на јуни со силите на САД, а ќе учестувваат и други држави членки на НАТО, “Одлучен удар 2019”,  каде уште повеќе ќе биде прикажана компатибилноста на нашите единици со сојузнучките  сили, додаде Јаневски.

Тој нагласи дека со ова се потврдуваат и капацитетите и можностите на Криволак за големи вежбовни активности.

На прес конференција, претставниците од КФОР, Рој Макараег и Зоран Јанковиќ, изразија задоволство од самата вежба и соработката, како и од подготвеноста на двете армии за вакви и слични воени предизвици.

Back To Top